Французинот Канте потпиша за Челзи

0
509

Шампионот Лестер и луѓето од Челси потврдија за постигнат договор за продажба на Н’Голо во лондонскиот клуб. По само една сезона во дресот на “лисиците”, францускиот репрезентативец ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ” и ќе и се приклучи на селекцијата на новиот менаџер Антонио Конте.

Медиумите на Островото објавија дека трансферната сума се движи од 26 до 32 милиона евра со договор за пет сезони. Од Лестер не објавуваат но, признаваат дека продажбата е рекордна за нив.

„По финалето во Франција стана јасно дека Н’Голо сака да премине во Челзи. Затоа клубот ја прифати рекордната понуда по што фудбалерот ги договори личните услови и ги помина прегледите “, се вели во официјалната информација на Лестер.