„Фридом хаус“: Македонија и понатаму е земја со хибриден режим

0
187

„Фридом хаус” го објави годишниот извештај „Држави во транзиција”, каде земјава и натаму останува го групата на „преодни влади или хибридни режими”.

Извештајот е всушност севкупна оцена со земени параметри од нивото на корупција, локална демократија, медиуми, цивилно општество, изборни процеси итн.

Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на „Фридом хаус”, а во најновиот се наведува дека земјава продолжува да забележува пад, особено во категориите – изборен процес и граѓанско општество.

Од седум земји на Балканот четири забележаа пад, главно поради ситуацијата во медиумите и судството. Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата и донесоа напредок на Албанија

„Фридом хаус” дава оцени од 1 до 7 во однос на нивото на демократија, со што 1 е највисоката, а 7 најниската оцена.

Македонија моментално има оцена 4.07, Косово е со 5.14, БиХ со 4.46, Албанија – 4.14, Црна Гора – 3.89, Србија и Хрватска имаат исто ниво на демократија – 3.68, Романија -3.46, Бугарија е со оцена 3.29, Унгарија – 3.18, а највисока регионална оценка е за демократски процеси и е дадена на Словенија – 1.93.