Фрлен експлозив во тунел пред возилото на босански генерал

0
487

Според сознанијата на медиумите се работи за терористички напад, а експлозивот е фрлен од автомобил.

Од полицициски извори за Дневни аваз потврдено е дека во тунелот синоќа дошло до експлозија пред возилото во кое бил началникот на Заедничкиот штаб ОС БиХ Анто Јелеч.

Експлозивната направа е активирана, оставила кратер, но за среќа никој не е повреден.

Според полициски извори, најверојатно направата е фрлена од возило во движење, а забележано е дека возилот брзо се оддалечувало. Полициските екипи се на лице место и ги утврдуваат сите детали.

Приведено е едно осомничено лице за предизвикување на експлозијата. Хрватски медиуми пак наведуваат дека напаѓачот и се предал на полицијата.

Генералот Јелеч потврдил дека се случил инцидент, но не можел да изнесе повеќе детали.

-Имаше експлозија во тунелот Салаковац. Јас не сум повреден ниту моето возило е оштетено. Само поминав низ дим. Јас тоа го видов и пријавив сам на полицијата и тие вршат истрага-вели Јелеч.

Полициските екипи ги утврдуваат сите детали.

Без коментари

LEAVE A REPLY