Фрлена бомба кон салата во Косово каде Вучиќ треба да има обраќање

0
392

Кон спортската сала Зубин Поток во Косово каде денес треба да се обрати српскиот премиер Александар Вучиќ, рано утринава е фрлена бомба и пукано е од автоматско оружје.

Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Џуриќ пред новинарите истакнал дека од експлозијата оштетен е еден автомобил, а пронајдени се и чаури од автоматско оружје, додавајќи дека денешната посета на Вучиќ се одвива според планот.

И покрај бомбата и истрелите, Вучиќ според планот навреме пристигна во Лепосавиќ и истакна дека бомбите нема да го заплашат, ниту пак има намера да ја одложи посетата.

Без коментари

LEAVE A REPLY