Фрлена бомба во близина на куќата на Муса Џафери

0
313

Бомбата била фрлена вечерва околу 20:20 часот, во скопската населба Топанско поле, пред куќата на бизнисмен кој живее во соседството на вицепремиерот за евроинтеграции Муха Џафери, објави Телма.

Извори од ДУИ за Телма велат дека нападот нема никаква врска со вицепремиерот.

 Според информациите на телевизијата, полицијата моментално прави увид. Нема повредени, направена е материјална штета – оштетени се прозорците на куќата и патнички автомобил.