Фрлена бомба врз полицијата во Митровица

0
510

Полицаец од интервентната единица на Косовската полиција е повреден синоќа кога врз патролата на Косовската полиција во Северна Митровица е фрлена рачна бомба.

Косовската полиција потврди дека се оштетени повеќе возила меѓу кои и цивилни автомобили.
Нападот се случил во најсеверниот дел на градот на излезот кон Звечани во непосредна близина на Косовската полиција и Судот. Напаѓачите се во бегство.
Полициската патрола вршела контрола на сообраќајот во рамки на акцијата на полицијата за воспоставување ред и мир, откако претходната ноќ дошло до пукање од огнено оружје кога биле ранети две лица.