Фрлена експлозивна направа врз косовскиот парламент

0
260

Полицијата на Косово потврди дека синоќа по 23 часот се случила силна експлозија пред зградата на косовското собрание, во која нема повредени. „Нападот предизвика материјална штета, но немаме информации за можни повредени“ изјави портпаролот на полицијата на Косово Даут Хоџа. Косовските медиуми јавуваат дека двајца моторциклисти истрелале граната додека поминувале во близина на зградата на парламентот. Хоџа потврди дека во населбата Таук Башча на околу километар од собранието бил пронајден запален мотор за кои се сомнева дека го користеле напаѓачите.