Фронтекс доаѓа на македонско-грчката граница

0
405

Фронтекс денеска се договори со Грција да ги прошири своите активности на границата со Македонија, каде ќе помогне во регистрација на мигрантите, се вели во соопштение на Европската агенција за управување со надворешните граници .

Испраќањето на дополнителни полицајци ќе започне следната недела.

Во соопштението се прецизира дека што е можно побрзо ќе биде спроведена заедничка посета на терен од страна на грчките власти и Фронтекс со цел да се разработат техничките детали за распоредувањето.

– Од клучно значење е сите мигранти кои влегуваат во Европската унија да бидат соодветно регистрирани. Мигрантите на северната граница на Грција ќе бидат проверени и оние за кои ќе се утврди дека не се соодветно идентификувани, ќе бидат регистрирани, изјави извршниот директор на Фронтекс Фабрис Легери.

Без коментари

LEAVE A REPLY