FT: Груевски ги прифаќа предлозите на опозицијата, но одбива да се повлече

0
252

Премиерот на Македонија ги отфрла барањата на опозицијата за негова оставка со што би се надминала политичката криза во оваа балканска земја. Сепак, Никола Груевски вели дека е подготвен да ги прифати предлозите на опозицијата за распределба на клучните позиции во периодот до предвремените избори, пишува британскиот деловен магазин Financial Times (FT).
„Со тоа (барањата за оставка) не се согласуваме. Само граѓаните имаат право да кажат кој треба да влезе во владата, а кој да биде во опозиција“, вели во интервјуто Груевски.

Сепак, премиерот вели дека е подготвен да ги прифати предлозите на опозициските сили за подготовка на предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година, според договорот од 2-ри јуни што го постигнаа челниците на четирите најважни партии во Македонија со посредство на ЕУ и САД, во таа смисла и распределбата на клучните министерски ресори. Груевски не ја исклучува, исто така, ниту можноста од промени во Државната изборна комисија со цел да добие поголеми овластувања.

„Подготвени сме да прифатиме многу идеи кои ќе ја зголемат довербата на опозицијата кон изборниот процес“, порачува Груевски во разговорот за Financial Times.

„Она што се случува во Македонија е внатрешна политичка криза, којашто имаме намера да ја надмине со политички средства“, истакнува македонскиот премиер. Уверува притоа дека на закажаните предвремени избори ќе бидат поканети да ги следат максимално можен број набљудувачи на ОБСЕ

„Ги поканувам набљудувачите на ОБСЕ и од секаде. Колку повеќе ќе дојдат, толку подобро за нас, бидејќи ќе видат дека сé ќе биде направено на фер и демократски начин“, вели Груевски. И покрај одбивањето да се повлече, пред договорениот термин од 2-ри јуни на неколку месеци пред изборите, FT одбележува дека Груевски е отворен за тоа опозицијата да добие нови надзорни места со право на вето во четирите најважни министерства, за внатрешни работи, за финансии, за труд и за земјоделие.

Весникот потсетува дека во Скопје во понеделник ќе се одржи уште еден круга од разговорите меѓу претставниците на владејачките партии и од опозицијата со посредство на ЕУ и САД. Главниот прашање најверојатно ќе биде, истакнува FT, можноста за формирање преодна влада. Според тврдењето на шефот на опозицијата Зоран Заев, доколку владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се согласи за создавање влада како што ја бара СДСМ, опозицијата ќе ги напушти преговорите „Доколку не успееме да се договориме на 29-ти јуни, нема да имаме причини да го продолжиме преговарачкиот процес“, вели челникот на СДСМ.

Весникот одбележува и дека Груевски „ги минимизирал“ размислувањата дека судирот на македонската полиција со вооружената група во Куманово на почетокот од мај може да предизвика меѓуетнички тензии меѓу Македонците и Албанците, потсетувајќи на конфликтот од 2001 година. „Ние сме многу далеку од тоа“, вели во разговорот македонскиот премиер../крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.