Фудбал во страв од безбедносни закани

0
494

Над 90 илјади полицајци, војници и приватно обезбедување се распоредени низ Франција, задолжени за безбедноста на посетителите на Европското првенство во фудбал, пишува Радио Слободна Европа.

По терористичките напади, Франција се соочува со нов предизвик. Овој пат спортски. Сите очи деновиве се вперени во Париз каде се одржува европското фудбалско првенство. Обид за терористички напад минатата година имаше и на стадионот Стад де Франс каде ќе се одиграат дел од натпреварите, а сега земјата мора да се осигура дека безбедноста ќе биде на највисоко можно ниво и нема да дојде до непосакувани ситуации, каде ќе биде загрозен животот на посетителите.