Фудбалерите на Пелистер по цел ден патување пристигнуваат во Познањ

0
1307

Нешто пред 23 часот фудбалерите на Пелистер слетаа во Варшава, а како што јавува нашиот репортер Зоран Мишевски кој е дел од оваа спортска ескпедиција, веќе со автобус се на пат кон Познањ.

Наместо во Познањ да пристигнат некаде околу пладне, тие ќе стигнат околу 1 часот по полноќ.

Која е причината за оваа голгота? Како што веќе објавивме, утрово во 4:40 полетаа од скопскиот аеродром кон Љубљана. Следниот нивни лет за Варшава требаше да биде во 7:40, но беше одложен за два часа подоцна, а потоа и откажан.

Причината според информациите од таму бил технички проблем со авинот.  Од компанијата „Адрија ервејс“ им обезбедиле лет преку Фанкфурт за Варшава.

Нешто околу 23 часот слетаа на аеродромот во Варшава од каде со автобус заминаа за Познањ.

Во Познањ Полска треба да го одиграат натпреварот од првото квалификационо коло на Лига Европа против Лех Познањ. Натпреварот се игра в четврток во 20.45 часот.