Фудбалерите на протест пред општината

0
352

Фудбалерите од ФК Пелистер денес пред зградата на општина Битола ги кажаа своите барања. Ги бараат заостанатите плати и хонорари за изминатите 4 месеци. Во барањето стои:

Б А Р А Њ Е

-Почитувани,
Бараме од вас како сопственици на ФК ПЕЛИСТЕР АД да ги подмирите заостанатите плати и хонорари (март, април, мај и јуни) спрема сите вработени и ангажирани лица во клубот.

goran
Фудбалерите од првиот тим веќе 10 денови тренираат и се подготвуваат за почетокот на првенството, исто така и тренерите на младите категории ги одржуваат тренинзите, но состојбата е неиздржлива.
Имате рок до 13 часот во понеделник  да не информирате за статусот на клубот, дали ќе има нови сопственици или ќе продолжи неизвесноста.  Доколку не се реши нашата ситуација до горенаведениот рок, ја повикуваме целата Битолска јавност во понеделник во 13 часот да ни се придружи пред Општината а потоа и пред ЦЕРМАТ.
Ова од вас го бараат долупотпишаните.

baranje

Списокот со потпишани во прилог, изјави Горан Пашевски капитен на ФК Пелистер Битола