ВИДЕО: Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Скопје

0
389

Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Скопје и веќе се упатија кон хотелот Александар Палас, каде што ги чекаат стотици фанови.

Иако беше најавувано дека најголемата ѕвезда на Реал Мадрид нема да дојде во Скопје, сепак Кристијано Роналдо ќе биде дел од „кралскиот тим“ на утрешниот УЕФА Супер куп натпревар против Манчестер Јунајтед.