Фудбалската репрезентација кога не игра напредува на ФИФА листата

0
241

Фудбалската репрезентација на Македонија, претстојниот квалификациски дуел со Словечка ќе го дочека како 100-та селекција на ФИФА листата. Интересно, иако не одигра ниту еден натпревар од последното рангирање Македонија напредуваше за пет места на ФИФА листата.

Прогрес од две места на ФИФА листата бележи и Словачка, репрезентацијата со која Македонија ќе игра на 14.јуни во Жилина, се наоѓа на 17-то место.

Во квалификациската група во која се Македонија и Словачка најдобар рејтинг според ФИФА има Шпанија (10), а зад Словачка се Украина (35) и Белорусија (80), а најлош рејтинг има Луксембург (131).

Кога станува збор за елитното друштво на светскиот репрезентативен фудбал Германија е на првото место, а втора е Белгија пред Аргентина, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Франција (која напредуваше за две места) и Шпанија. крај/мф/нц

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

Без коментари

LEAVE A REPLY