Funk D’Void викендов во Битола

0
322

We pretend home parties и мезе бар Јагода во Битола го носат еден од најпознатите светски диџеи Ларс Сандберг ака Funk D’Void.
Тој е во првите редови на глобалната електронска музичка сцена уште од 90 тите години.
Низ годините ги промовирал хитовите bad cofe, emotional content, diabla, и други.
Настапува повеќе од 20 години и тоа во најпознатите светски клубови и фестивали со посетеност од илјадници присутни а сега и Битола ќе има можност да го чуе неговиот екслузивен настап за прв пат во нашиот град а се очекува голема посетеност со оглед на брзата продажба на карти за неговиот настап.

Овoj е само еден од низата на настани кои We pretend home parties успешно ги организираат веќе 10 -тина години.
Познатиот диџеј Хернан Катанео кој настапуваше во Битола на Белата ноќ, за Funk D’Void изјавува дека неговите настапи се константно квалитетни и е еден од најдобрите продуценти и диџеи во светот.
Неговиот настап ќе биде на 15- ти август во ноќниот клуб Позитив а атмосферата ќе ја загреваат битолските диџеи Flooder и K. Петровски.

Без коментари

LEAVE A REPLY