Funk D’Void за прв пат настапи во Битола

0
823

We pretend home parties и мезе бар Јагода во Битола го донесоа еден од најпознатите светски диџеи Ларс Сандберг ака Funk D’Void.
Тој е во првите редови на глобалната електронска музичка сцена уште од 90 тите години.
dj2

-Убаво е кога имате одлична соработка со промоторот на настанот, а она што морам да го истакнам е дека за мене резидент диџеите се доста важни бидејќи тие одлично знаат што публиката во некое место сака да слуша, па за мене тие се вистинските ѕвезди на настанот-истакна Фанк Д Воид во интервјуто за Тера телевизија.
Низ годините ги промовирал хитовите bad cofe, emotional content, diabla, и други.
11906783_886745751406320_7241224014246940056_n

Во моментов работи на новиот албум кој го подготвувал десеттина години , албум за сите вкусови со многу вокали, техно, тек хаус и многу повеќе.

Настапува повеќе од 20 години и тоа во најпознатите светски клубови и фестивали со посетеност од илјадници присутни а сега и Битола имаше можност да го чуе неговиот екслузивен настап за прв пат во нашиот град .

Овoj е само еден од низата на настани кои We pretend home parties успешно ги организираат веќе 10 -тина години.