Функционира декадата на ромите

0
369

Прво во градоначалничкиот кабинет, па на терен меѓу ромското население, министерот Неџдет Мустафа, денеска на улицата Лубојно, да ги види условите во кои живеат ромите во Битола. Истакна дека неговите заложби се пред се да обезбеди услови за нормален живот од инфраструктурен аспект. Кажа и за стипендиите на ромските средношколци и бесплатниот престој во градинка за децата роми.

Неџдет Мустафа рече дека ова е деветти проект кој го правиме со општина Битола и тоа важни и крупни проекти како што е оваа улица во невозможни услови да се постави вода и канализација како и асфалт наскоро.

Локалната самоуправа, односно градоначалникот рече дека граѓаните на Битола не се делат на Македонци, роми или други националности, тие се сите со еднакви прва, граѓани на Битола.

Иако, вели градоначалникот Владимир Талески, плановите беа со 10 % да учествува општината сепак на крајот излезе дека 300% е нашиот влог како општина и во иднина ќе продолжиме да реализираме проекти од ваков тип.

Министерот Мустафа посочи дека во иднина има планови да направи и зелени површини во ромските населби како и игралишта и спортско рекреативни центри.