Актерка во улоги за кои сонуваат најдобрите

0
1356

Најновата премиера во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, е „Медеја“, работена по мотиви од Еврипид на текст на Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов.
Главните улоги на Медеја и Јасон ги играат актерите од битолскиот театар, Габриела Петрушевска и Огнен Дранговски.

Оваа Медеја не почнува со нејзиното отуѓување од родниот крај, туку ја претставува Медеја во времето пред таа да стане жена на Јасон. Дел од претставата е сместен во сегашност, што зборува за бесмртноста на безвременската Медеја.

Покрај Медеја, како дел од силните жени од историјата а чии ликови ги играла Петрушевска на театарска сцена се и Исидора, Хеда Габлер, Тамар и многу други.

Периодов Габриела работи на најновата претстава во битолскиот театар, Сонетите на Вилијам Шекспир а во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY