Galaxy beach во бело

0
904

Во Претор се одржа второто издание на White Sensation Beach Festival, кој се одржа под отворено небо на плажата Галакси.

Идејата за настанот потекна од многубројните „Бели ноќи“ кои се организираат низ големите градови во целиот свет, но она што е поразлично беше тоа што овој фестивал се одржува на плажа, покрај Преспанското Езеро.

– Присутните минатата година на првото издание беа презадоволни од целата организација и настапот на диџеите-истакна организаторот Жарко и додаде- Затоа се одлучивме и оваа година да го организираме овој настан, па се надеваме дека ќе прерасне и во традиција.

Оваа година програмата многу поатрактивна за разлика од минатата година.

Озвучувањето и осветлувањето допринесоа за перфектна забава. Огнометот и останатите ефекти, беа вистински интересен декор на вечерта, а за атмосферата се погрижија Галоски, Dark Child, Кристијан Ѓаковски и Боби.

Специјален гостин беше диџејот од Грција THE MISTER, кој ја поздрави идејата за овие фестивали.Тој настапил во сите големи клубови во Македонија, а пред еден месец заврши успешна турнеја во Шведска.

Градоначалникот на Ресен, д-р.Ѓоко Стрезовски, истакна дека овој фестивал е одлична можност за промоција на преспанскиот регион.

Диџеите направија феноменална забава, а гостите и повеќе од задоволни.

Првично, идејата беа била да се организира настан кој ќе ја собере цела Преспа, па и љубителите на овој вид на музика на едно место. Потоа, организаторите одлучуваат фестивалот да е со тематска содржина, па од тука се раѓа забава во бело, White Sensation Beach Festival.

Спектакл во вистинска смисла на зборот.

Диџеите направија одлична забава, а за атмосферата да биде на ниво беа задолжени Party Makers Team, кои беа задолжени за изгледот и реквизитите на бината.

White Sensation Beach Festival беше најголемата забава на плажа која се одржа во последните десетина години.