Галичка свадба

0
825

Со громогласен аплауз беше поздравена изведбата на Тешкото на 43-тата Галичка свадба, која почна вчера, а заврши денеска во Галичник. Во двата дена, со звукот на тапаните и зурлите, беа изведени канењето на сватовите, кумот, свекрвиното оро, гледањето низ прстен, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот и редица други обичаи што биле дел од свадбените веселби на Мијаците во минатото. Годинава на Галичката свадба се венчаа скопјаните Александар Ристески и Сандра Станковиќ.

http://www.mkd.mk/galerii/galichka-svadba-2016#1