Гаранција немам, но ветувам дека сериозно ќе набљудуваме

0
207

Комесарот за преговори за проширување вечерва доаѓа во Скопје каде што утре ќе учествува на Високиот политички дијалог помеѓу Европската комисија и македонската Влада.

Пред поаѓање за Скопје, Хан го поздрави именувањето на специјалната обвинителка и тоа во договорениот рок иако одлуката паднала во пет часот на наутро.

“Ова е прв важен чекор и доказ дека Комисијата одблиску ги следи настаните и дека ќе ги набљудува идните чекори. Тоа е важен чекор за политичка нормализација на земјата и но приказната не е завршена”, рече комесарот.