Гасол ја одведе Шпанија на мегдан на Франција во полуфиналето во Лил

0
389

Кошаркарите на Шпанија први изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство. Шпанците со херојска игра во четвртфиналето славеа над Грција со 73:71. До победата „црвената фурија„ ја предводеше тандемот Пау Гасол – Никола Миротиќ, кои заедно искомбинираа 45 поени. Триумфот на Шпанија е уште поголем бидејќи е извојуван со само седум играчи. Селекторот Скариоло играше со Гасол, Љуљ, Миротиќ, Рејес, Рибас, Родригес и Клавер, Руди Фернадез започна, но играше малку во првиот период, бидејќи не е доволно рехабилитиран од повредата на грбот. Франција ќе биде ривал на Шпанија попобедата над Летонија 84:70. Иако во првото полувреме домашната селекција имаше многу проблеми, пред се поради лошата игра во нападот и поради борбениот противник, сепак во вторито дел „триколорите„ само поради играта во одбраната стигнаа да сигурна победа. Двоцифрената предност која ја стекнаа по 30 минути игра француските кошаркари без проблеми ја одржаа до крајот.

Шпанија – Грција 73:71 (14:14, 25:18, 16:25, 17:14)
Гасол 27, Миротиќ 18 (Шпанија) – Калатес 13, Принтезис 13, Атетокумбо 12 (Грција)
Франција – Летонија 84:70 (21:25, 19:13, 16:7, 28:25)
Паркер18, Диао 14 (Франција) – Јаниченокс 15, Стреилкенс 14 (Летонија)

Без коментари

LEAVE A REPLY