Гасол ја врати Шпанија на европскиот врв

0
1025

Репрезентацијата на Шпанија ја освои европската титула на првенството кое се одржуваше во Франција. Шпанците во финалето многу полесно од очекувањата славеа со 80:63 (19:8, 22:25, 19:10, ). „Црвената фурија„ ја освои третата европска титула, на последните четири шампионати, откако претходно славеше на шампионатите во 2009 и 2011 година. Шпанија одигра перфектно финале, максимално ги користеше слабостите на својот противник и предводена од најдобриот играч на турнирот Пау Гасол (25 поени, 12 скокови) стигнаа до трофејот. Покрај Гасол, двоцифрен број на поени кај Шпанија постигнаа уште Серхио Љуљ (12 поени, 6 скока, 5 асистенции) и Руди Фернандез (11 поени). Најефикасни Литванци во финалето беа Калниетис и Сеибутис со по 13 поени. Инаку Литванија го одбрани среброто од претходното првенство во Словенија.