ГДОМ повика за избори на 5 јуни

0
689

Пред Собранието заврши масовниот протест кој го иницираше ГДОМ. Пред присутните од бината се обратија повеќе личности, кои главно повикаа за избори на 5 јуни и за одбрана на Македонија.

„Ги гледам спомениците околку мене и си мислам, луѓето- нашите браќа Македонци морале во минатото да зимаат оружје во раката за слобода. Сега ние таа слобода ја имаме благодарение на нив. Единственот нешто што треба да го направиме е да го земеме пенкалото во рака и на 5 јуни да го дадеме гласот за политичката опција во која веруваме. Политичката криза во Македонија само со избори може да ја решиме“, рече Пандов.

Исто така, најави дека ГДОМ ќе истати барање до Уставен суд да донесе одлука за времено запирање на работа на сите граѓански здруженија, фондации и политички партии кои, како што рече, во моментов „ја рушат и ја урнисуваат Македонија“.

Политичкиот аналитичар Александар Дештевски рече дека сите изговори на опозицијата пафнале во вода, прочистен е избирачкиот список, а имаме и меѓународен мониторинг, односно „гаранција од големите сили дека ќе бидат фер, слободни и демократски избори“.

Тој тврди дека некој сакал да прави украинско сценарио, а притоа рече дека не само што нема да го дозволат тоа, туку за тоа нема услови бидејќи сите граѓани се на една страна.

„Овде сите се дојдени со сопствени возила, автобуси, со возови, нема странски регистрации, нема ’Ајмо сада звиждаљке’, нема Грци, нема странци, овде се сите Македонци. За разлика од другата страна каде има странски платеници и домашни платеници. Затоа ве повикувам сите на избори на 5 јуни“, рече тој.

gdom1-1

Професорот Оливер Андонов пред насобраниот народ рече дека Македонците се мирољубив народ, а притоа порача да „не дозволиме повеќе никогаш во иднина, за нашите генерации, за сите нас и за нашите предци, Македонија да не биде монета за поткусурување како што предавниците тоа сакаат и денес да го сторат. И тој им порача на присутните да излезат на изборти на 5 јуни.

Кајакарот Атанас Николовски, меѓу другото, зборуваше и за Портата Македонија. Вели под неа поминале спортисти, и уште многу ќе поминуваат.

„Нема да дозволиме оваа Порта хулиганите да ја сквернават и на неа да се изживуваат. Тоа е знак на нашата победа, нашата пот македонска. Сега во ова време кога спортистите имаат секакви можности да тренираат, нови сали, спортски терени, базени…нема да дозволиме некој да ја руши Република Македонија и тука сме да ја браниме“, рече тој.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY