ГДОМ продолжува со собирите, вечерва во девет градови

0
434

Oд ГДОМ информираат дека вечерва во девет градови ќе одржат народни собири.

Во 19 часот собири ќе има во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово.

„Македонија е обединета. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина! Се гледаме вечер!“ – велат од ГДОМ.

Тие ќе испратат порака дека на 5 јуни мора да има избори, за излез од кризата во која се наоѓа Македонија.