ГДОМ промовираше боенка во Битола

0
1138

ГДОМ денеска на плоштадот Магнолија во Битола  организираше настан на кој главната цел беше делење на како што пишува на нив „ боенка за вандали“ .

boenka-4-640x480

Велат дека боенките се наменети  за оние кои вандализираат и обојуваат јавни добра, споменици, институции.

boenak-6-640x426

На самите боенки изработено  е  и упатство за користење во кое се вели дека за да се бои боенката потребно е да се биде вандал и секојдневно по улиците на Македонија да  се уништуваат  јавни добра кои му припаѓаат на цел македонски народ. Потребно е да се поседуваат бои со кои секојднево се валка и уништува сопсвениот град.  Исто така многу е важно пред да се бои да се има примено хонорар од СОРОС за да се има поголем ентузијазам. И најважно од се, потребно е да не ви е гајле за сопствената земја, за името Македонија и да не ја познавате историјата на сопствената земја како би можеле да користите бои кои немаат допирна точка со реалноста- се вели во упатсвото  за користење во БОЕНКАТА на ГДОМ.

boenka-7-640x353