Генерален штрајк во Каталонија против полициското насилство

0
144

Повеќе од 40 синдикати и здруженија во Каталонија денеска ќе штрајкуваат поради грубото прекршување на правата и слободите на луѓето во текот на полициската акција за спречување на одржување на референдумот за независност на оваа шпанска покраина.

Ширум Каталонија во текот на гласањето во неделата во судири меѓу шпанската полиција и граѓаните беа повредени повеќе од 800 луѓе.

Денеска ќе штрајкуваат вработените во јавниот превоз, училиштата, болниците, додека аеродромите најавија 24-часовна работа со минимум капацитет.

На генералниот штрајк се приклучија и клубовите од шпанската фудбалска лига од Каталонија – Барселона, Еспањол и Џирона.

Без коментари