Генералот на Ердоган не е ликвидиран, ја врати контролата врз војската

0
1216

Портпаролот на турската Национална агенција за разузнавање (МИТ) Них Јилмаз изјави дека генералот Хулуши Акар, началник на вооружените сили, повторно ја презел контролата над војската.

-Се’ се враќа во нормала, рече Јилмаз.

Турските медиуми, цитирајќи ја разузнавачката служба пренесуваат дека пучот доживеал неуспех, јавува АП.

Меѓутоа, медиумите јавуваат дека во Анкара и понатаму се слушаат експлозии и престрелки.

Инаку, Sky News Arabic претходно објави дека началникот на Генералштабот на турската војска Хулуши Акар е убиен.