Герила акција на Битолското движење

0
1837

Повеќе од 30 дена траат протестите на „ Протестирам во Битола“.  Започнуваат навечер во 19 часот на плоштадот Магнолија. Со барањата за повлекување на аболицијата, одложување на изборите и оставка на битолскиот градоначалник речиси секоја вечер се движат кон народната канцеларија на Иванов, судските згради и зградата на општина Битола. Во последните неколку дена протестот го завршуваат со блокада на некој од кружните текови во Битола. Вчера завршија на кружниот тек на Дулие кој се наоѓа на влезот на Битола од страната на Прилеп.

straion-4

А синоќа на Магнолија, Битолското движење изведе герила акција за стадионот кој беше ветен за Битола, а се уште не реализиран.