Германија бара занаетчии, плата и до 2.500 евра месечно

0
712

Добра работа во Германија. Така може да се нарече овој оглас за бравари. Се нуди плата до 2.500 евра за месец дена, пишува Б92.

Неделно се работи по 35 часа, а се плаќа и патот до Германија, па дури и здравственото и пензиското осигурување. Дека Германците имаат потреба од бравари покажуваат и огласите објавени во хрватските портали за вработување.

Празниците и неделите се платени за 50 до 100 отсто повеќе.

Германските работодавачи дури и ги покриваат трошоците за превоз до Германија, им плаќаат образование, курсеви по германски јазик, сертификати за извршување на работата, како и голем број други бенефити. Во тоа се вбројува дури и пријавата за здравствено и пензиско осигурување во германскиот здравствен систем, појаснува Демовиќ.

Без коментари

LEAVE A REPLY