Германија европски првак во ракомет

0
612

Германија е сензационален победник на Европското Првенство  во ракомет.Во битката за златниот медал германците ја поразија фаворизираната Шпанија со 24-17.

До второто злато на Европските шампионати во ракомет,Германија се избори со подобра игра и заслужено се најде  нависоко  на пиедесталот во Таурон Арената во Краков.

Шпанците беа во подредана улога и во ниту еден момент не стигнаа до водство,  соочени со  големи проблеми во реализацијата.

Претходно, во малото финале, Хрватска ја надигра Норвешка со  31-24 и го освои  бронзениот медал .

Без коментари

LEAVE A REPLY