Германија и Австрија го ограничуваат минувањето на имигрантите на пет точки од заедничката граница

0
285

Германија и Австрија одлучиле да го ограничат минувањето на бегалците и имигрантите на пет моста на заедничката граница, за подобро да го контролираат нивниот масовен прилив, објави во петокот германското министерство за внатрешни работи.

„Сакаме да постигнеме среден процес“, објави една од портпаролките на германското министерство за внатрешни работи, прецизирајќи дека таа мерка стапува на сила веднаш, но не кажала за кои пет гранични премини станува збор.

Германија и Австрија во септември се договорија дека ќе ги истават своите граници отворени за бегалците, но таа одлука според процените само придонела за забрзување на приливот на лицата кои бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот исток, од Африка и Азија. Контролите на границата повторно беа воведени кон средината на септември, меѓутоа имигрантите можеа да влезат на германската територија на кое и да е место.

Најголемиот дел од луѓето кои бараат азил во Германија, минуваат преку околу 800 километри долгата граница меѓу Австрија и Баварија, што ја обремени оваа германска сојузна покраина. Австрија со седмици наназад го организира превозот на илјадниците имигранти кон Германија, но многумина минуваат поединечни и честопати ја минуваат границата низ шумите, што го отежнува нивното регистрирање и прифаќање во специјалните центри.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во средата остро ѝ префрли на Австрија за нејзиното однесување затоа што, како што рече, неорганизирано испраќа во Германија илјадници луѓе. Додаде дека властите во Виена ветиле дека ќе ги почитуваат пропишаните процедури, изразувајќи очекување дека веднаш ќе започна тка и да се однесуваат.

Германија предвидува дека оваа година ќе прими меѓу 800.000 и милиони баратели на азил./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY