Германија назначи специјален пратеник за Македонија

0
504

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го назначи актуелниот германски амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија.

Се очекува Хајндл, во координација со евроамбасадорот Аиво Орав и со американскиот амбасадор Џес Бејли, да посредува во разговорите за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.

„Внатрешната политичка ситуација во Македонија е причина за загриженост во Германската федерална влада. Затоа министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер одлучи да именува личен пратеник за состојбите во Македонија при што од амбасадорот Јоханес Хајндл побара да ја преземе оваа функција, изјави портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер.

Нема информации кога Хајндл би пристигнал во Македонија.