Германија по пеналите подобра од Италија обезбеди полуфинале

0
832

Со победата извојувана со подоброто изведување на ударите од белата точка и прва против „азурите“ на големите натпреварувања, фудбалската репрезентација на Германија го избори деветтото финале во историјата на европските шампионати, што е убедливо најмногу од сите репрезентации на Стариот континент.

Актуелните светски фудбалски шампиони го извојуваа пласманот во полуфиналето на европското првенство во Франција откако на стадионот во Бордо во четвртфиналето ја победија Италија со 6-5 со подобро изведување на пеналите, откако мечот и по вкупно 120-те минути заврши со резултатот 1-1.

Германија и Италија имаат освоено вкупно 12 светски и европски титули, и имајќи ги предвид досега прикажаните супериорни игри на турнирот во Франција, се очекуваше еден од најдобрите мечеви досега кој беше најавуван како „финале пред финалето“. Напротив, тоа беше слаб фудбал со многу обиди за тактичко надмудрување и најмалку вистински фудбалски потези.

Првото полувреме мина во претпазлива алиби игра, без посериозни можности да се загрози противничкиот гол и од двете страни. Со по една полушанса, Германија и Италија ги одиграа можеби најлошите 45 минути во досегашниот тек од првенството. Во 42 минута слаби шутираше Милер, а следната минута шутот на Стурара беше исфрлен во корнер.

Во второто полувреме, сепак, мораше да се стори нешто, па првата вистинска шанса на мечот беше видена во 54 минута, кога Милер шутираше од врвот на казнениот простор, но Флоренци спаси на гол линијата.

Германците поведоа во 65 минута, откако акцијата тргна од голманот Нојер, кој ја испрати на лево крило до Гомез, тој го пронајде бекот Хектор кој натрча од заднината, и испрати повратна топка на седум метри од голот на Буфон, кој го погоди Озил. Веќе во 68 минута мечот можеше да биде решен, на додавањето на Озил зад италијанската одбрана, Гомез откако итро избегна офсајд, од пет метри со петица шутираше кон голот на Буфон рефлексно исфрли во корнер.

Италија сосема неочекувано дојде до можност да изедначи од пенал во 78 минута, кога на една неутрална висока топка Боатенг скокна со подигнати раце по што топката го погоди во рака, а судијата Касаи покажа на белата точка. Сигурен егзекутор беше Бонучи.

По тоа повторно темпото на играта се врати на претходно ниво и отиде во продолженијата од двапати по 15 минути. И тие беа сиромашни, бидејќи разбирливо двете селекции не се осмелија да ризикуваат оставајќи пенал рулетот да го реши победникот.

Германија имаше среќа дури во деветтата серија, откако во последната редовна – петтата капитенот Баштијан Швајнштајгер имаше можност да ја донесе победата, но шутираше високо над голот.

За Германија погодија Тони Крос, Џулиан Дракслер, Мат Хумелс, Џошуа Кимих, Цером Боатенг и Јонас Хектор, а за Италија Лоренцо Инсиње, Андреа Барзаљи, Емануеле Цакерини, Марко Пароло и Матео де Сичиљо.

За „азурите“ Симоне Заза гопрефрли голот, Грациано Пеле шутираше крај голот, додека Мануел Нојер ги одбрани ударите на Леонардо Бонучи и на Матео Дармиан. Џанлука Буфорн му одбрани на Томас Милер, Месут Озил ја погоди стативата, а Швајнштајгер шутираше над голот.

Германија во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Исланд кој се игра во недела на стадионот „Стад де Франс“. Полуфиналето на распоредот е на 7-ми јули во Марсеј, а ден претходно во Лион ќе се одигра другиот полуфинален меч меѓу Португалија и Велс.

Во досегашните осум полуфинални натпревари, Германија шест пати стасала до финалето, а трипати и до титулата шампион. Меѓутоа, актуелните светски прваци на европската титула чекаа веќе 20 години, од 1996 година кога во Англија ја победија Чешка. Германската селекција покрај го освои европскиот трофеј и во 1980 година и претходно во 1972 година.

Германија е репрезентацијата којашто одиграла најмногу натпревари на европските првенства – 48, остварила најмногу победи – 26, постигнала најмногу голови – 72, настапила на најмногу турнири – 12, и остарила највисоки пласмани в полуфинале – 9 и во финале –