Германија подготвува мерки за азиланти од Западен Балкан

0
330

Германија до крајот на годината подготвува законски мерки со цел решавање на проблемот со лажните азиланти од Западен Балкан, изјави во интервју за „Билд“ Петер Алтмајер, вршител на должност германски канцелар, кој во моментот ја менува Ангела Меркeл поради летниоt одмор.

Алтмајер рече дека сојузната Влада, заедно со германските покраини во моментот работи на мерки кои ќе бидат усвоени најдоцна до крајот на годината.

Иако не прецизираше за кои мерки точно се работи и дали тие предвидуваат евентуално воведување визи, Алтмајер изрази надеж дека планираните мерки ќе доведат до решавање на проблемот на овие азиланти.

Без коментари

LEAVE A REPLY