Германија предалага дополнителен фонд за Западен Балкан

0
366

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габријел се заложи за воспоставување на дополнителен фонд за инфраструктурни проекти на Западен Балкан, истакнувајќи дека Брисел треба повеќе да се ангажира и инвестира во овој регион.

-Мораме сега да ги забрзаме големите инфраструктурни проекти што се од економско значење. Проектите што имаат и специјално симболично значење како што се автопат меѓу Србија, Косово и Албанија. За тоа да се финансира, предлагаме да воспоставиме дополнителен фонд за инфраструктурни проекти, рече Габриел во излагањето на Осмата конференција на министрите за надворешни работи од југоисточна Европа „Аспен Институтот за економски и политички развој на регионот.

Габриел, исто така, укажа на значењето на засилувањето на регионалната соработка и изрази задоволство од позитивната динамика што ја создаде Берлинскиот процес, додавајќи дека треба да се интензивира.

Тој рече дека ја поддржува и економската интеграција на Западен Балкан, која ќе биде темелена на европските стандарди и со тоа ја олесни интеграцијата во ЕУ.