Германија презема 14 грчки аеродроми

0
664

Грчката влада ја одбори концесијата со 14 регионални аеродроми  во Грција да управува германскиот конзорциум „Фрапорт – Слантел“. Концесијата е тешка 1,23 милијарди евра, објави Службениот весник во Атина, пренесува српски Блиц.

Оваа германска компанија со овие аеродорми ќе управува во наредните 45 години, а меѓу аеродромите дадени под концесија е и тој во Солун, на Крф, Родос, Миконос и Санторини.

Грчкиот парламент ја одобри приватизацијата на аеродромите на 14 августо.

Инаку, германската компанија „Фрапорт – Слантел“ минатата година го купи аеродромот во Љубљана за 234 милиони евра, а сопственик е и на аеродромот во Франкфурт и на уште 12 други.

Без коментари

LEAVE A REPLY