Германија привремено излегува од Шенген

0
345

Германската влада привремено ќе ги врати граничните контроли како реакција на бегалската криза – потег што ќе го наруши Шенгенскиот договор на Европската Унија за отворени граници – објави денеска германски Билд.

Контролите прво ќе се воведат на границата со Австрија.

Германската влада не беше веднаш достапна за да ги коментира овие информации, пренесе Ројтерс.

Но Томас Штробл, висок член на Демохристијанската партија на канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ) изјави за германскиот весник Ди велт дека ги поздравува контролите, што значи дека одлуката веќе е донесена.

„Контролите што се воведуваат на границата со Австрија се нешто што треба да се направи. Тие ќе ни овозможат барем да го забавиме акутниот прилив на бегалците“, рече тој.

Еден полицаец на главната железничка станица во Минхен изјави дека Германија вечерва не очекува повеќе никакви возови, што значи дека земјата нема да им дозволи да влезат.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY