Германија се подготвува за катастрофа, од граѓаните се бара да складираат храна и вода

0
1593

Германија своите граѓани ќе ги поттикнува да почнат да складираат храна, вода и други продукти во случај на катастрофа или оружен напад, јавува Дојче веле.

Ова е првпат да се размислува за такви мерки од завршувањето на Студената војна.

Предлогот е дел од владиниот план за развој на цивилната одбрана, со кој се предлага граѓаните да соберат и чуваат доволно храна за 10 дена, како и соодветно количество вода, извори на енергија, пари и лекови, што би им овозможило да ја дочекаат помошта од владата.

Во Германија владее вознемиреност поради неодамнешната низа терористички напади и над милион бегалци кои беа примени минатата година.

Целиот план ќе биде објавен во среда, пишува Дојче веле. Иако се проценува дека поголем напад врз Германија не е веројатен, таквата можност владата не може целосно да ја отфрли