Германија се подготвува за затворање на границите на Балканот

0
268

Германската влада се подготвува за тоа балканските земји наскоро да ги затворат своите граници, по што ќе следуваат паника и хаос меѓу бегалците и засилени нелегални преминувања на границите, пишува весникот Велт ам зонтаг повикувајќи се на извори од германските безбедносни кругови.

Во документот со наслов „Нелегална емиграција“, кој го составил „Заедничкиот аналитички и стратегиски центар за нелегална миграција“ (ГАСИМ), се доаѓа до заклучокот дека бегалците со побрзо темпо минуваат по таканаречената „балканска рута“, што тие земји би можело да ги натера синхронизирано да ги затворат границите.

„Преодното време што бегалците го минуваат во одделни земји е сѐ пократко и тоа земјите од балканската рута може да ги натера на затворање на границите“, се заклучува во документот.

Тоа би предизвикало ефект на „слепа улица“ и поради грчката политика на „ротирачка врата“, односно пропуштање на бегалците кон север, би довело до колапс и паника меѓу бегалците кои ќе се најдат во таа слепа улица.

Без коментари

LEAVE A REPLY