Германија воведува патарина за странски возила

0
207

Германскиот парламент изгласа закон со кој се воведува патарина за патничките возила, а кој ќе ги погоди странските автомобили кои ќе ги користат германските патишта.

Овој закон долго го оспоруваа другите европски земји и институции на ЕУ кои тврдат дека законот ги дискриминира возачите кои не се од Германија, бидејќи на тие кои се германски граѓани патарината се одбива од годишниот данок.