Германија започнува да враќа назад азиланти

0
607

Германија го заостри нејзиниот одговор на забрзаниот влез на мигранти и почна да ги враќа назад на Балканот и во Авганистан сите оние на кои им е одбиено барањето за азил. До ова дојде откако најновите анкети покажаа дека поддршката на конзервативната влада на Ангела Меркел е на најниско ниво во изминативе три години.

Во првиот бран на вратени беа осумдесеттина одбиени баратели на азил од Косово кои од аеродромот во Минхен одлетале за Приштина.

Со тоа започна спроведувањето на построгите правила иако првобитно беше предвидено тие да стапат во сила на први ноември.

Станува збор за забрзување на процедурите за добивање азил, но и за екстрадиција на мигрантите од југоисточна Европа со цел фокусот да биде ставен врз бегалците од со војна зафатените земји како Сирија, Ирак и Авганистан.

Депортираните ќе бидат придружувани од претставници на Фронтекс од Германија, Финска, Шведска и Унгарија. Од сега, како што е наведено, депортациите веќе нема да бидат најавувани.

Стотици илјади мигранти годинава влегоа во Европа, главно од Сирија, Ирак и Авганистан, но исто така и од Балканот.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер најави дека е планирано враќање на десетици илјади граѓани од Западен Балкан.

Без коментари

LEAVE A REPLY