Германска донација за фудбалската школа од Могила

0
1203

Сојузна Република Германија донираше спортска опрема за фудбалката школа „Еден на Еден“ од Могила. Амбасадата на Сојузна Република Германија ја обезбеди донацијата преку Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

fudbal

-Ова е еден гест од Сојузна Република Германија за општина Могила. Верувам дека фудбалската школа „Еден на Еден“ добро ќе ја искористи оваа донација и ќе може успешно да ги организираат како подготовките така и учеството на фудбалски турнири . Донацијата се состои од 12 топки за надворешен терен, 9 топки за во сала и 6 пумпни топки, изјави д-р Валентина Илиева претседател на Здружение за Македонско-Германско пријателство-Битола

Ваквите донации ќе му овозможат на клубот да постигнува подоброи резултати на спортски натпревари и турнири

– Имеме една донација од Германската Амбасада , каде што се донира опрема за Фудбалската школа која што е една од препознатливите фудбалски школи во Р.Македонија, која што учествува скоро на сите турнири во Р.Македонија, и сметам дека година и наредната година треба да излезат и надвор од Македонија и да ја претставуваат општина Могила, изјава Стево Пивковски, градоначалник на Могила

topki
Надворешната политика на Германија како што потенцираше претседателката на здружението за македонско германско пријателство  било подржување и финансирање на спортот како дел од културата и обарзованието, фудбалот да им биде поттик за дружење и социјализација ,поголема спорстка дисциплина, како и поголем респект, поголема толеранција, не само на локално туку и на регионално, државно па и на меѓународно ниво.