Германската кинематографија преку фестивалот на новиот германски филм

0
442

Од 9 -ти до 12 -ти октомври, во Битола се одржуваше фестивалот на новиот германски филм во организација на  Центарот за култура а во соработка со амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија .

Во фестивалската програма беше прикажана разноликоста на германската кинематографија, филмови од времето на Шилер и Гете, па се до денешните предизвици на мултикултурното општество.

Овој фестивал е значаен и за изучувањето на германскиот јазик-истакна почесниот конзул на Австрија-д-р.Валентина Илиева.

На 11- тото издание се прикажаа „Роден во болка“, Лола на грашок“, „Феникс“, „Спасете го Рафи“, „Хакери“.

Имаше понуда за секоја возраст, а влезот беше бесплатен.

Со проекцијата на филмот „300 збора германски“, заврши овогодинешното издание на фестивалот на новиот германски филм.