Германски дипломат: САД размислуваа да фрлат атомска бомба врз Авганистан по 11 септември

0
928

Нуклеарен напад врз Авганистан била една од опциите со кои Вашингтон би се одмаздил за терористичките напади од 11 септември 2001 година, изјавил високорангиран германски дипломат за весникот Шпигл.Михаел Штајнер, актуелниот германски амбасадот во Индија, служел како советник за надворешна и безбедносна политика на тогашниот германски канцелар Герхард Шредер во времето на терористичките напади на 11 септември.

„Проценките беа напишани“, изјавил тој, потврдувајќи дека нуклеарната опција била многу веројатна. „Тие навистина ги земаа предвид сите можности“.

„Стравот на Берлин беше дека Американците се толку шокирани од нападите, во кои беа загубени околу 3.000 животи, што може да претераат со одговорот“, изјавил Штајнер.

Тој додал и дека се спротивставил на планот на Шредер да се изскаже „безрезервна поддршка“ на САД, тврдејќи дека ниту една нација не смее да добие таква поддршка од Германија. Канцеларот не ја земал предвид неговата забелешка.

Нападите во Њујорк и Вашингтон на 9 септември 2011 година беа пресвртница во светот по Студената војна, испраќајќи ги САД во глобална војна против исламскиот тероризам. Инвазијата во Авганистан и симнувањето на талибанците од власт беа најдиректните последици од нападите. Тие беа светски поддржани како праведен потег, за разлика од подоцнежната инвазија на САД во Ирак, во која неколку европски сојузници на Американците, вклучувајќи ја и Германија, одбија да учествуваат.

Без коментари

LEAVE A REPLY