Германски искуства за развој на Пелагонискиот регион

0
626

Со цел подготовка на регионални стратегии за иновации во планските региони ЦРППР одржа работилница, која што е дел од проектот „Одржлив и инклузивен регинален економски развој во Македонија“.

-Треба да се движиме кон новите трендови и постојано да изнаоѓаме модели кои што ќе придонесат за подинамичен развој на приватниот сектор. Во Пелагонискиот регион вклучени се сите релевантни фактори, а по завршувањето на работилницата ГИЗ ќе поддржи изработка на документ и пилот проект за развивање на овај проект, изјави Аница Палацо, проект советник од ГИЗ

Изработката на регионалните стратегии има за цел стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри, бизнис заедницата со фокус на развојот на малите и средни претпријатија

-Овај процес е поддржан од Министерството за локална самоуправа а ги вклучува претставниците од приватниот сектор, стопански комори, кластери, бизнис асоцијации истражувачки и образовни институции како и граѓанскиот сектор за што се користи европски модел за стимулирање на иновациски политики, изјави Владимир Величковски-ЦРППР

Во работилницата беа вклучени и експерти

-За оваа иновација се користеше Рис Методологија базирана на паметна специјализација на која што треба да се определат неколку приуритети кои се силни страни на регионот и да се бара во нив поголем капацитет и иновации, изјави Драган Шутевски, експерт на иновациската стратегија

Проектот го спроведува  Германското друштво за меѓународна соработка .