Германски министер го предупреди НАТО да не заговара војна со Русија

0
249

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја критикуваше политиката на НАТО кон Русија опишувајќи ја како воинствена.

„Денес ние треба да избегнуваме да ја влошуваме ситуацијата тропајќи со оружје и поттикнувајќи војна“, изјави Штајнмаер во интервју за утрешното издание на германскиот весник Билд.

Тој го критикуваше распоредувањето на силите на НАТО на границата со Русија и најновите маневри на Алијансата што се одржуваат во Полска.

НАТО во понеделникот објави дека ќе распореди четири баталјони во балтичките земји и во Полска, за да им се спротивстави на „агресивните дејства на Русија“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Штајнмаер, социјалдемократски министер, изјави дека големите вежби на НАТО, кои почна овој месец во Полска, се контрапродуктивни за регионалната безбедност и може да ги разгорат тензиите со Русија.

„Се лаже оној што верува дека ќе се создаде поголема безбедност со симболични паради и тенкови во близина на источната граница“, рече Штајнмаер и додаде дека би било добро да не се создаваат „услови за враќање на старите конфронтации“.