Германски политичар испрати автобус со бегалци до Меркел

0
308

Автобус со 31 бегалци од Сирија е на пат од јужна Германија кон Берлин, откако локалниот политичар Петер Драер од областа Ландсхут ја спроведе најавата дека ќе ѝ ги испрати бегалците на канцеларката Ангела Меркел ако во неговата област веќе нема да може да обезбеди сместување за нив. Во Германија расте загриженоста за тоа како ќе се справи со 1,1 милиони азиланти кои пристигнаа во земјата минатата година. Драер рече дека сака да испрати порака дека „политиката кон бегалците не може да продолжи вака“.

Без коментари

LEAVE A REPLY