Германскиот претседател предупредува дека постојат граници во бројот бегалци

0
275

Германскиот претседател Јоаким Гаук предупреди дека постои ограничување во поглед на тоа колку бегалци неговата земја може да прими додека се подготвува за доаѓање на 800.000 луѓе оваа година, со што покажа дека расте загриженоста и на највисоко ниво во Берлин околу можностите за згрижување на толкав број луѓе. 
„Ние сакаме да помогнеме. Ние имаме големо срце. Меѓутоа, постојат граници до каде можеме да одиме“, изјави германскиот навечер претседателот Јоаким Глаук, поранешен активист за човекови права во комунистичка источна Германија.

„Нашата можност да прифаќаме луѓе е ограничена, иако сé уште не знаеме каде се тие граници“, додаде.

Изјавата на претседателот на Германија, чијашто улога е претежно церемонијална, но неговите зборови имаат морален авторитет, се оценува за многу попретпазлива од изјавите на канцеларката Ангела Меркел која изјави дека Германија може да се носи со рекордниот прилив мигранти.

Владата во Берлин во понеделникот директно не сакаше да ја коментира изјавата на Гаук, но застана во одбрана на своето управување со кризата.

„Германската влада и канцеларката се убедени дека треба да им се пружи заштита на оние за кои е неопходна, без разлика дали станува збор за политички прогон или бегство од војната“, изјави владиниот портпарол Штефан Зајберт./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY