Германските медиуми откриваат нови детали од шпионирањата

0
216

Соработници на Федералната разузнавачка служба на Германија (BND) ги следеле своите колеги коишто шпионирале цели по барање на САД, пишува во неделата весникот Bild am Sonntag кој донесува статија и за хакерскиот упад во компјутерите на канцеларката Ангела Меркел во нејзиниот кабинет во Бундестагот.

Според информациите кои ги поседува весникот, наредбата за следењето на германските агенти би издадено од базата Бад-Ајбелинг, каде што тие работел. Bild am Sonntag истакнува дека BND го започнало следењето на своите соработници уште во 2006 година, откако челните луѓе на службата добиле информации дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) преку нивни агенти под надзор ги има активностите на германско-француските корпорации EADS и Eurocopter од воено-индустрискиот комплекс.

Според соговорниците на весникот, следењето било вршено без знаење на агентите на BND ангажирани од страна на американското разузнавање. Резултатите од оваа истрага не се обелоденети, но весникот потсетува дека минатото лето беше покрената истрага за најмалку еден припадник на BND кој работел во полза на службите на САД, особено на германската истрага во врска со информациите дека NSA најмалку десет години го прислушувала мобилниот телефон на германската канцеларка Меркел.

Во врска со следењето на Меркел, Bild am Sonntag пишува натаму во неделата и дека истрагата во врска со хакерските напади од мај врз внатрешната компјутерска мрежа на Бундестагот, покажала дека нападнат бил и компјутерот на канцеларката во нејзината канцеларија во парламентот.

Компјутерот на шефицата на германската влада бил еден од првите во коишто е откриена програма, таканаречен „тројански вирус“. Портпаролот на парламентарната група на владејачката коалиција CDU/CSU ниту ја потврдил, ниту ја негирал за весникот оваа информација. Исто така, не сакал да открие дали биле украдени податоци од хард дискот на компјутерот на канцеларката.

Меѓутоа, изворите на весникот рекле дека непознатите хакери од името на Меркел испратиле на пратеници електронски пораки, заразени со вирусот. Во пораките станувало збор за покана да учествуваат на некоја телеконференција. Администрацијата на Бундестагот поради пота ги предупредила парламентарците да не се обидуваат да ги отворат заразените пораки.

Претходно во средата германскиот магазин Der Spiegel цитирајќи неименуван извор во Бундестагот објави дека вирусната програма, којашто пред кон средината на мај ја нападна базата со податоци на германскиот парламент, сé уште е активна, и процените на штетите кои ги предизвикува се искажуваат во милиони евра.

Станува збор кибернетички напад врз парламентарната информативна мрежа Parlakom изведен на почетокот од мај годинава, којашто содржи околу 20 илјади акаунти на политичари, вклучително и на германската канцеларка Ангела Меркел.

Весникот пишуваше дека податоците од мрежата продолжуваат да истекуваат во непознат правец. Експертите сметаат дека можеби ќе биде потребно не само да се замени програмата за безбедноста на мрежата, туку и целата техника во Бундестагот. Според сознанијата на весникот, германските експерти успеале да утврдат која програма била искористена за нападот, како и да дешифрираат дел од кодот.

Структурата на програмата, на ткн „тројан“, пишуваше натаму Spiegel, е слична на програмата којашто во 2014 година била искористена за хакерскиот упад на интернет страницата на германскиот парламент. И при овој напад, исто така, беа осомничени странски разузнавачки структури./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax